За да го постигнете соодветниот ефект од употреба на OCUflash, Ве молиме следете ги овие едноставни чекори:

  • Измијте ги рацете со вода и сапун, а потоа добро исушете ги. Доколку носите контактни леќи или очила, отстранете ги. Извадете ја заштитната затка од шишенцето.
  • Нежно повлечете го долниот капак со показалецот. Со другата рака држете го шишенцето помеѓу палецот и другите прсти.
  • Навалете ја главата наназад. Не дозволувајте шишенцето да дојде во контакт со очите или со капаците. Нежно притиснете го шишенцето, додека пропишаниот број на капки не се внесе во долниот, внатрешен агол на окото (во близина на носот) или додека не се отстрани страното тело.
  • Неколку секунди држете ги очите затворени, така да капките рамномерно се рашират по површината на окото. Затворете го шишенцето и чувајте го во вертикална позиција и во препорачани услови (температура до 25°C).