Капки за очи за секојдневна нега на очите

OCUflash е еден од најпознатите и еден од најпродаваните производи од лабораторијата Unimed Pharma. OCUflash е совршен производ за третман на сите видови на иритирани очи.

Тој е многу добар природен лек за иритирани очи, идеален производ за отстранување на страни тела од очите, за плакнење на очи после капење во море или базен, за плакнење на очи после носење контактни леќи или во случај на чешање, гребаници или какви било непријатни чувства во очите.

OCUflash исто така може да се користи како капки за очи за превенција и лекување на неинфективни воспаленија на капаците и конјунктиви.

OCUflash исто така е идеален за:

  • Плакнење на очите после тонометрија или гониоскопија 
  • Плакнење на oстатоци од флуоресцеин 
  • Плакнење на секрет од слузница од очите 
  • Дополнителен третман на неинфективни и хронични воспаленија на конјуктивата 
  • Отстранување на козметички производи (како вештачки трепки) од очите.